септември 21, 2024

Ќе продолжам да давам сѐ од себе да ги поддржам бегалците и другите раселени цивили. По 20 години работа под закрила на ОН, време е да стапам во директен контакт со бегалците и локалните организации и да се обидам да изнајдам решенија, изјави Џоли

Холивудската актерка Анџелина Џоли најави дека ќе ја напушти функцијата амбасадорка на добрата волја на Високиот комесаријат на Обединетите нации (УНХЦР).

Во заедничка писмена изјава објавена на веб-страницата на УНХЦР се вели дека Џоли сака повеќе да се занимава со хуманитарна помош и прашањата за човечките права.

Се истакнува дека Џоли ќе продолжи да се занимава со проблемите на бегалците и раселените лица, и дека ќе настојува во своите идни активности да допре до што е можно поголем број актери.

Џоли, чии ставови се содржани во изјавата, изјави дека имала привилегија да држи бројни теренски мисии при УНХЦР како амбасадор на добрата волја.

„Ќе продолжам да давам сѐ од себе да ги поддржам бегалците и другите раселени цивили. По 20 години работа под закрила на ОН, мислам дека е време да стапам во директен контакт со бегалците и локалните организации и да се обидам да изнајдам решенија“, рече Џоли.

Истакнувајќи дека Џоли е важен партнер на УНХЦР, високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди изјави: „Благодарни сме на нејзиното децениско служење, посветеност и создавање измени за бегалците. Ја поддржувам нејзината одлука за промени на својот став и верувам дека чувствителноста за бегалците секогаш ќе постои во нејзиното срце.“

Анџелина Џоли, која ги започна активностите за хуманитарна помош во ОН во 2001 година, именувана е за амбасадор на добрата волја на УНХЦР во 2012 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK