септември 21, 2024

Многумина со месеци чекаа да видат како изгледа нејзиниот наследник

Поп ѕвездата Ријана се породи на 13 мај оваа година и роди син. Сепак, сè за него се чува во тајност, па се уште не ни е познато како се вика. Сепак, сега знаеме како изгледа.

Пејачката ги изненади сите кога на TikTok објави видео од нејзиниот наследник!

На видеото момчето се смее додека седи на бебешкото седиште, додека неговата мајка го снима.

Се обидуваш да го украдеш телефонот на мама? – го прашала, додека момчето постојано се смешкало.

Фановите беа воодушевени од ова видео, па веднаш почнаа да коментираат.

„Тој е толку скапоцен“, „Тој личи на тебе“, „Изгледа исто како мајка му“ – ова беа само дел од коментарите, а очигледно фановите се согласуваат дека наследникот на пејачката личи на неа.

Инаку, Ријана ќе настапи на Супербоул на 12 февруари, а како што рече тоа ќе биде единствената причина поради која би се разделила од своето дете.

– Мислам вака, ако треба да го оставам дома, ќе го оставам за нешто навистина посебно – заклучи Ријана.

Инаку, како што пренесуваат светските медиуми, таа потпишала договор од милион долари со компанијата „Епл“, која ќе снима документарен филм за сето она што моментално и се случува во животот, а ќе го придружува нејзиниот настап на Супербоул.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK