Принцот и принцезата од Велс споделија нова семејна фотографија на нивниот официјален Инстаграм профил.
Фотографијата е направена во текот на летните месеци на кои семејството се шета во дворот на нивната куќа Анмер Хол во Норфолк, а фановите веднаш забележале некои детали.
„Шарлот е копија на кралицата“, „Шарлот прераснува во убавица. Во неа ги гледам кралицата и Дијана“, „Мислам дека Шарлот многу личи на кралицата“, забележаа дел од следбениците.
Сепак, многумина ја искористија приликата да го коментираат документарниот филм на Нетфликс „Хари и Меган“, во кој Сасексите остро го критикуваа кралското семејство, особено кралот Чарлс и принцот Вилијам.
„Одлична фотографија. Само продолжи со своите обврски – никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“, „Вака се однесува вистински принц“, „Мило ми е што барем некој во семејството има достоинство“, „Убава и достоинствена, што разлика од тие две“, продолжуваат коментарите.
Потсетуваме, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл објавија документарен филм и ја шокираа јавноста со своите изјави и однесување, а многумина веруваат дека на тој начин всушност го изневериле кралското семејство.
Следете не, не има насекаде