септември 23, 2024

Директорот на битолската болница, доктор Александар Обедниковски утре ќе поднесе оставка од фунцкијата.

Тој за Телма потврди дека утре ќе ја депонира оставката од морални причини. Негова оставка доаѓа по смртта на новороденчето кое почина два часа откако било родено, што е последен во низата случаи кои ја потресуваат оваа болница.

Претходно, кон крајот на март, шестгодишната Јана Христовска почина на детското одделение по примена инфузија. Нејзините родители се сомневаат на лекарска грешка, но обвинителството се уште го чека наодот од обдукцијата, за да одлучи дали ќе поднесе обвинение.

Александар Обедниковски е директор на битолска болница од мај 2022-та година, а како специјалист ортопед работи таму од 2014-тата година.

The post Директорот на битолската болница утре поднесува оставка-Негова оставка доаѓа по смртта на новороденчето кое почина два часа откако било родено, што е последен во низата случаи кои ја потресуваат оваа болница. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK