септември 23, 2024

Утре во 17 часот пред Клиничката болница во Битола ќе има протест поради смртта на новороденчето, како и смртта на малата Јана која почина кон крајот на март на Педијатриското одделение во болницата.

Според најавите на социјалните мрежи, ќе биде вклучена и сирена.
Ќе носиме сирена, ќе ја вклучиме а потоа ќе одадеме една минута почит за сите прерано заминати чеда, родители и пријатели и ќе си отидеме… Нека сирената ја означи алармантната сотојба во болницата, а молкот нека биде за наш потсетник за тие на небесата, оти сите немо седиме и чекаме промените од небо да паднат, а не ние да ги створиме час поскоро за да спасиме нечии живот“, се вели во најавата.

Шестгодишната Јана почина во битолската болница откако примила инфузија, а родителите велат дека се работи за лекарска грешка. Според првичните извештаи, најверојатно причина за смртта е вирусен инфект кој го погодил срцето, но се уште се чекаат резултати од нејзината обдукција.

Обдукција ќе се прави и на новороденчето кое почина вчера, а тука се поставува и прашањето зошто мајката била пуштена дома откако и била дадена таблета за провокации, по која бебето треба да биде цело време под надзор преку CTG апаратот.

The post Битолчани повторно на улица – Ќе се оддаде почит за сите прерано заминати чеда, но ќе се бара и правда! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK