септември 23, 2024

Со нова инвестиција во основното училиште „Лазо Ангеловски“ денеска се затвори инвестицискиот циклус и се обезбедија содржини што овозможуваат целосно инклузивна настава за учениците со попреченост. Компанијата „Кроација осигурување“ во соработка со Општина Аеродром донира средства со кои целосно се опреми сензорната соба во ова основно училиште.

На настанот присуствуваа градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот на Општината, Дејан Митески, хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, претставници на компанијата и директорката на училиштето, Магдалена Петреска.

Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук-страница истакна дека на негово задоволство со оваа донација најголемото училиште станува и целосно инклузивно, со што се олеснува пристапот до него, но и до образовниот процес во целост.

Оваа реализирана инвестиција е уште еден потврда за напорите на Општина Аеродром да овозможи еднакви услови за сите ученици, како и доказ за успешната соработка помеѓу локалната самоуправа и приватниот сектор.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK