септември 23, 2024

Женската ракометна репрезентација доживеа и втор пораз од Украина во баражот за Светското првенство во 2023 година, губејќи со 31:22 (24:12) на гостинскиот меч, кој се играше во Кишварда, Унгарија поради војната во Украина.

По домашниот пораз од два гола, македонската репрезентација почна со водство до 0:1 и 1:2, но потоа целосно ја предаде контролата на украинската репрезнетација, која до крајот на првото полувреме имаше огромна предност од дури 12 гола. Во второто полувреме, нападот на Украина не функционираше толку добро, така што на крајот, Македонија успеа да намали на 9 гола до финишот.

Леонида Гичевска со 9 гола беше најефикасна за Македонија, додека Сара Ристовска додаде 5 гола, а за Украина, Ирина Глибко имаше 7 гола.

Фото: РФМ

The post Украина ја декласираше Македонија во баражот за СП appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK