септември 23, 2024

Во Театар Комедија вечерва премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Веќе не е ни смешно“ во режија на Срѓан Јанаќијевиќ. Претставата реприза ќе има на репертоарот на Комедија веќе утре, 12 -ти април.

Автор е Сашо Кокаланов, костимите за претставата ги работеше Лидија Георгиева, додека музиката е на Игор Василев-Новоградска.

Во претставата играат Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Жаклина Петровска и Виктор Арсов.

„„Веќе не е ни смешно“ е црна комедија за комедијата денес. Пиеса што ја раскажува приказната за еден комичар кој запаѓа во депресија зашто сите почнуваат да му го јадат лебот. Хуморот, неговиот занает, станува задолжителен, излитен и банален. Комичарот се наоѓа помеѓу чеканот и наковалната: од една страна свет во кој сите се смешни и имаат слобода да го истурат својот лош хумор секаде околу себе, од друга страна цензорското око на збудалената политичка коректност. Како да продолжи да твори фрлен среде океанот на универзалната смешка и со врзани раце и нозе од cancel-културата.

Комедијата на Кокаланов е инспирирана од „Човек што плаче од смеење“ на Фредерик Бегбеде и „Човекот што се смее“ на Виктор Иго. Во неа ќе препознаете и алузии на филмот „Џокер“ на Тод Филипс; на тажниот живот на големите мајстори на хуморот, како Робин Вилијамс, но, за жал, и на „кловновите“ околу нас, кои безмилосно ја освоија сцената на смеата“, велат од НУ Театар Комедија.

Фото: Кире Галевски/ Фејсбук НУ Театар Комедија


The post Премиера на „Веќе не е ни смешно“ во Театар Комедија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK