септември 23, 2024

Овие необични полнети пиперки, со вкусен фил од сирење и шунка ќе ги воодушеват сите членови на семејството. Она што е уште еден голем плус е тоа што се прават за помалку од еден час.

Потребни состојки:

4 црвени пиперки пречесени на половина5 лажици урда или кајмак150 гр. сирење1 јајцесолмалку рендан кашкавалситно исечкан лук200 гр. шунка (исечкана на коцки)

Начин на подготовка:
Ставете ја урдата (или кајмакот) во сад, па додајте го и издробеното сирење. Потоа додајте го и јајцето и убаво соединете, а по потреба и посолете.
Во смесата додајте ја исечканата шунка и лукот.
Пиперките исечете ги на половина и извадете ги семките, па наполнете ги со филот и наредете ги во тава за печење. Ставете малку масло одозгора и печете околу 30 минути на 180 степени.
Потоа, извадете ги пиперките и одозгора наредете го изренданиот кашкавал, па вратете во рерна за да се стопи. Врз пиперките на крајот можете да додадете магдонос или оригано.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK