септември 23, 2024

Понекогаш се случува да ни тече носот иако не сме настинати, а не знаеме што може да биде причината за тоа. Посебно на тоа се склони луѓето кои боледуваат од астма или егзема, а кај поединци дневно од носот истекуваат од 300 до 400 милилитри течност, пренесува Science Alert.

Д-р Дејвид Кинг, професор од Универзитетот во Квинсленд, објасни дека ниските температури активираат природен механизам чија цел е да го загрее и навлажнува воздухот што го дишеме пред да стигне до белите дробови, за да не ги иритира клетките.

Кога дишеме низ нос, а надворешната температура е под нулата, воздухот што го напушта носниот канал на патот кон белите дробови обично достигнува температура од 26, а понекогаш и 30 степени. Влажноста во тој момент е веќе околу 100%, без разлика колку е студен воздухот што го дишеме.
Ова докажува до кој степен носот ефикасно гарантира дека воздухот што го вдишуваме во белите дробови станува топол и влажен, објасни Кинг.

Ладниот и сув воздух ги стимулира нервните завршетоци во носот кои испраќаат порака до мозокот, а тој важен орган реагира на пораката со зголемување на циркулацијата во носот. Реакцијата на носот на студ е делумно рефлексна реакција на нервите.
Во исто време, проширените крвни садови го загреваат воздухот што поминува над нив на патот до белите дробови. Д-р Кинг истакнува дека течењето од носот е природна физиолошка појава и вели дека „засилено лачење на воден исцедок е неопходно за да се подобри навлажнувањето и прочистувањето на воздухот во ладна средина“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK