септември 23, 2024

Откако јутјуберот Стефан Лазаров и Бомбакис објавија неколку поткасти со одредени гости, сега излезе проблем кој кого да кани, оти изботрот на гости им е речиси ист.

Стефан Лазаров јавно го праша Бомбакис дали во иднина смее да ги кани гостите кои претходно биле кај него. Оваа реакција дојде откако Бомбакис во едно од неговите интервјуа рече дека во иднина нема јавно да ги најавува неговите гости, оти други водители му ги превземале.

По оваа изјава на Бомбакис, Лазаров се најде засегнат и го праша јавно дали во иднина смее да ги кани неговите гости.

„Брату бе дали е забрането не разбирам, ги присвоитве ли, како му доаѓа тоа сега. Чисто да ти кажам дека од другата страна има луѓе кои што комуницирале со тие луѓе уште пред две години па воопшто не им е проблем тие да гостутваат кај тебе. Затоа што другата страна не се грижи да постојат повеќе емисии. Немој да мислиш дека ако постоиш само ти ќе бидеш само најдобар. Нема да бидеш“, му рече Лазаров. По оваа изјава,  Бомбакис го покани јујтуберот кај него во поткастот да поразговараат.

 

 

 

 

 

The post (Видео) Се скараа Лазаров и Бомбакис оти едниот му ги крадел гостите на другиот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK