септември 23, 2024

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(66) од с.Колибари, кичевско, со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на 2019 година набавил фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик со намера да се вработи како директор на државниот студентски дом „Томе Стефановски Сениќ”.

Сертификатот го заверил на нотар во Кичево, по што го приложил при аплицирање за вработување како директор во наведениот студентски дом. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK