септември 23, 2024

Стресот не може да го снема од нашиот живот, но со различни вежби за управување со истиот, можеме да му се спротивставиме и да спречиме појава на хроничен стрес. Иако следниве методи ќе ви изгледаат премногу “западњачки”, само присетете се каква работа имате – и кај нас се работи до 16/17/18 часот и барањата на работодавците се сe’ поголеми.

 

 

Методите за опуштање и справување со стресот се следни:

 

 

 

Активирајте се – физичка активност, од пешачење до пливање и кревање тегови, значително влијае на намалување на стресот, благодарение на хормоните на среќа кои се лачат при вежбање.

 

Медитирајте – загледајте се во нешто, престанете да размислувате за изминатиот ден и уживајте.

 

Смејте се – нема подобар лек за стресот од смеењето.

 

Контактирајте со вашите пријатели – можеби во секојдневната брзаница сте ги заборавиле своите пријатели. Одвојте време да се најдете и видите со нив, ќе видите дека не сте единствените кои имаат проблеми.

 

Контролирајте колку работите – научете да кажете НЕ. Не мора секогаш вие сe’ да правите, пронајдете начин да ја прераспределите работата и на другите колеги.

 

Вежбајте јога – овие вежби и дишењето кои се практикуваат при вежбање јога доста поволно делуваат на нашето здравје.

 

Спијте – добриот сон е природен релаксант. Во текот на спиењето нашето тело се регенерира.

 

Хранете се здраво – пријатен, здрав оброк е одмор за душата и телото.

 

Побарајте помош – иако психотерапијата не е толку популарна кај нас, е навистина одличен начин да се справите со стресот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK