септември 23, 2024

Ајда Филд (43), сурпугата на музичарот Роби Вилијамс (49), ја пофали неговата нова линија споделувајќи на социјалните мрежи видео од пејачот како игра со децата. Видеото се појавува само неколку месеци откако тој откри дека води постојана битка со својата тежина.

Новата објава започна и дискусија во коментарите, некои му порачаа дека не изгледа здраво.

„Зошто си го направил тоа? – Сега си толку слаб“, „Изгледаш болно. Што ти се случило?“, се дел од коментарите, а други пак го поддржаа пејачот.

Инаку, Роби неодамна изјави дека конечно е среќен со себе поради слабеењето, признавајќи дека бил во постојана борба да остане во форма. Тој ослабе пред објавувањето на неговиот нов албум, а за постојаното менување на килограмите ја обвини својата зависност на одредена храна, како шеќер.

„Слабеев, но тоа е постојана борба. Во мене е џиновска личност. Целото мое битие и целото мое тело сака да одам во спротивна насока и да бидам морбидно дебел“, признал тој во едно неодамнешно интервју.

Тој, рече дека зависен е од благо и дека никогаш не можел целосно да ги елиминира шеќерот и рафинираното брашно од неговата исхрана.

The post (Видео) Роби Вилијамс се соблече гол и предизвика дебата на социјалните мрежи: изгледаш болно, многу си слаб appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK