септември 23, 2024

Пејачката и актерка Џенифер Лопез ќе глуми платен убиец кој треба да ја заштити својата ќерка, што била принудена да ја остави подалеку од себе поради својата опасна работа во новиот филм „Мајката“.

„Јас сум убиец. Но, јас сум и мајка. Би умрела штитејќи ја неа“, вели Лопез во трејлерот објавен на официјалниот Јутјуб-канал на Нетфликс.

Филмот излегува на 12 мај, а режисер на филмот е Ники Каро. Таа вели дека „Мајката“ е ретка комбинација на акција и искрени емоции. Вели дека сакала да сними филм што во средиштето на акциониот спектакл ќе го стави ликот на мајката подготвена на сѐ за да го заштити своето дете.

Режисерката од самиот почеток сакала Лопез да го глуми главниот лик.

„Мајките често се споредни, спроти други, поинтересни ликови во филмовите. Овојпат мајката е во преден план. Да се ​​има Џенифер Лопез во главната улога, на врвот на нејзината моќ, е подарок за мајките и гледачите насекаде“, изјавила Ники.

Во акционата драма глумат и Џозеф Фајнс, Луси Паез, Омари Хардвик, Пол Раси и Гаел Гарсија Бернал.

 

The post (Видео) Џенифер Лопез ќе глуми платен убиец во новиот филм „Мајката“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK