септември 23, 2024

Општина Илинден спроведе хуманитарна акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за социјално загрозената категорија на граѓани на територија на општина Илинден, по повод големиот христијански празник Христовото Воскресение –  Велигден.

Локалната самоуправа оваа голема хуманитарната акција ја спроведе во соработка со Црвениот крст и бизнис заедницата од општина Илинден, кои несебично подадоа рака на ранливите категории граѓани од Илинден. Во рамки на акцијата под мотото „Подај рака-хумана општина Илинден”, поделени се околу 200 хуманитарни пакети со храна и хигиенски производи. Целта е во пресрет на големиот христијански празник Велигден, да им се помогне на ранливите категории на граѓани од општина Илинден, 

Градоначалникот Александар Георгиевски изрази голема благодарност до сите општествено одговорни компании кои овозможија преку свои донации успешно да се спроведе оваа голема хумана акција.

Општина Илинден ќе продолжи и во иднина да спроведува вакви хуманитарни акции, се со цел да им се помогне на ранливата категорија граѓани празничните денови да ги поминат достојно.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK