септември 23, 2024

Косовскиот премиер Албин Курти денеска дошол во ненадејна посета на земјава, при што остварил средба со тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Биљал Касами.

„Драг пријателе Албин, добредојдовте во Тетово, главниот албански центар во Македонија“, напиша најпрвин Касами на својот профил на Фејсбук.

Курти во Тетово| Касами: Добредојде во главниот центар на Албанците во Македонија

Подоцна тетовскиот градоначалник објави дека на средбата разговарале за многу прашања во интерес на двете земји со цел соработка на централно и локално ниво.

„Оваа ненајавена посета уште еднаш ја потврдува нашата братска врска“, потенцира Касами.

Засега нема официјални информации кој е поводот за ненадејната посета на Курти во земјава.

-Заедно со организациониот секретар на Движењето БЕСА, г-дин Аднан Азизи, како и генералниот секретар, г-дин Абдуш Демири, со својата братска посета не удостои нашиот пријател, премиерот на Косово, г-дин Албин Курти. На средбата разговаравме за многу прашања во интерес на нашите две земји со цел соработка и на централно и на локално ниво. Оваа ненајавена посета уште еднаш ја потврдува нашата братска врска!
Заедно да ги градиме и развиваме нашите политики! – напиша Касами на Фејсбук.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK