Почетокот на мозочниот удар може да предизвика слабеење на видот на едното или на двете очи. Дури 44 отсто од луѓето што доживеале удар рекле дека губењето на видот е силен симптом.
Веројатно мислите дека мозочниот удар ги погодува само постарите луѓе, но секој лекар ќе каже дека тој може да му се случи секому. Еве што треба да знаете за раните знаци, дури и кога сте млади:
Оштетен, замаглен или губење на видот
Почетокот на мозочниот удар може да предизвика слабеење на видот на едното или на двете очи. Дури 44 отсто од луѓето што доживеале удар рекле дека губењето на видот е силен симптом.
Ненадејна главоболка и вртоглавица
Вртоглавицата е силен знак за мозочен удар кај жените помлади од 45 години. Ако го почувствувате ова, побарајте медицинска помош.
Неповрзан јазик
Најран знак за мозочен удар е кога ќе почнете да зборувате неповрзано. Во почетокот тоа се мали заблуди околу периодот од денот или времето. Може да се случи да почнете да зборувате како во делириум и да ја изгубите способноста за зборување, што доведува до конфузија.
Ненадејна слабост во естремитетите
Ненадејно чувство на слабеење или млитавост на рацете или нозете може да биде силен знак за мозочен удар. Ова може да доведе до парализа или колабирање. Најдобро е да ги испружите рацете со дланките нагоре и така да ги држите 10 секунди, ако едната рака ви падне, тогаш ќе се покаже знак за слабеење на мускулите.
Болка на едната страна на лицето
Острата главоболка е чест показател за мозочен удар. Студиите покажале дека меѓу 588 волонтери што почувствувале остра главоболка со мозочниот удар претежно биле млади луѓе со мигрени. Исто така, се покажало дека ова сè почесто ги погодува жените. Ако почувствувате ваков симптом, треба да направите магнетна резонантна томографија.
Слабеење на лицето
Ако лицето ви е полупарализирано, ова е екстремен показател дека е можно да сте имале мозочен удар.
Исцрпеност
Студиите, исто така, покажале дека меѓу погодените луѓе, жените повеќе покажуваат знаци на замор, конфузија, дезориентираност и исцрпеност. Уште еден показател за мозочен удар.
Икање
Овој знак за предупредување главно влијае врз жените и може да доведе до нагло константно икање. Тоа е поради мозочниот удар, кој го напаѓа центарот за дишење во мозокот.
Недостаток на воздух и треперење
Кога ќе ве „нападне“ мозочниот удар, може да почувствувате нанедеен недостаток на воздух и отежнато дишење. Иако претежно се среќава кај жените, ова е уште еден показател што не треба да се игнорира.
За да избегнете мозочен удар, важно е да водите здрав живот, редовно да се занимавате со физичка активност и да се одморате. Намалете го консумирањето на алкохол и килограмите. Пушењето оставете го уште во истиот момент!
Следете не, не има насекаде