септември 23, 2024

По објавата на Пехчевски дека му биле вршени притисоци и предвреме било побарано да ја прекине хоспитализацијата на Универзитетската клиника за детски болести со реакција за Телма се огласи и Д-р Стојка Фуштиќ, директор на клиниката за детски болести.

Тврди дека Игор никој не го бркал да си оди, му било понудено да биде со своите за Велигден но откако тој тоа го одбил му било кажано дека може да остане до вторник.

Таа вели дека целиот негов револт е поради тоа што не влегол во листата на првите 12 пациенти кои добиле терапија со лекот „Трикафта“.

Според Д-р Фуштиќ неговата здравствена состојба не е толку лоша и може да се одржува стабилна со венската антибиотска терапија додека се чека да пристигне лекот за сите пациенти заболени од Цистична фиброза.

Во продолжение во целост ви ја пренесуваме изјавата на Д-р Фуштиќ.
телма тв

The post Д-р Фуштиќ: Не го бркавме ние Игор од болница, му понудивме да оди дома за празниците appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK