Клиентите се жалеле на треска, халуцинации, заматен вид…
Околу стотина Австралијци пријавиле халуцинации откако јаделе спанаќ, а едно дете завршило во болница.
Дете во близина на Квинсленд било хоспитализирано во текот на викендот, но оттогаш е пуштено на домашно лекување. Повеќе од 100 луѓе пријавиле халуцинации и делириум откако јаделе производи од спанаќ за кои се верува дека биле контаминирани со „небезбедно растение“.
Австралиските синџири на намирници почнаа да вадат производи од спанаќ од своите продавници, откако клиентите се пожалија на халуцинации, делириум, заматен вид, проширени зеници, забрзан пулс и треска.
Се верува дека од истото место дошол загадениот спанаќ, а од граѓаните се бара спорните производи да ги фрлат или да ги вратат во продавниците.
Следете не, не има насекаде