Преговарачите на Европската Унија рано изутринава постигнаа договор за ревизија на нејзиниот пазар на јаглерод, главниот инструмент на ЕУ за борба против климатските промени, објавија чешкото претседателство и Европскиот совет.
– Договорот ќе ни овозможи да ги исполниме климатските цели во главните сектори на економијата, истовремено обезбедувајќи најранливите граѓани и микро-претприемачите да добијат поддршка во климатската транзиција, рече чешкиот министер за животна средина Маријан Јурецка.
Во прашање беше способноста на ЕУ да придонесе во глобалната борба против климатските промени и да ја постигне својата цел за намалување на емисиите на стакленички гасови за 55 отсто до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година.
За да се постигне оваа цел, ЕУ ќе треба да го реформира пазарот на јаглерод и побрзо да ги намали емисиите, што го прави со тоа што бара од приближно 10.000 електрани и фабрики да купат дозволи за CO2.
Договорот допрва треба да биде официјално прифатен од Европскиот парламент и Европскиот совет.
Следете не, не има насекаде