април 22, 2026

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа против Хјустон Рокетс (101:94) и со тоа го дуплираа водството во плејофот, додека Филаделфија направи изненадување, победи во Бостон со 111:97 и го изедначи резултатот во серијата.

Ла Лејкерс, до втората победа над Хјустон, ги предводеше Леброн Џејмс, кој го заврши натпреварот со 28 поени, осум скока и седум асистенции.

Маркус Смарт го следеше со 25 поени и седум асистенции, додека Лук Кенард додаде 23 поени и шест скока.

Леброн едноставно мораше да го повлече тимот, бидејќи и на овој натпревар ги немаше Лука Дончиќ и Остин Ривс.

Дури ни Кевин Дурант, кој имаше 23 поени, шест скока и четири асистенции, не можеше да ги спаси Рокетс од пораз.

Алперен Шенгун имаше 20 поени, 11 скока и пет асистенции, Џабари Смит додаде 18 поени и шест скока, а Амин Томпсон забележа 16 поени, девет асистенции и пет скока.

Од крајот на првата четвртина, Лејкерси постојано беа во водство, имаа двоцифрена предност, а секој налет на гостите беше одбиен.

Следните два натпревари се закажани во Хјустон на 25 и 27 април.

Кошаркарите на Филаделфија направија брејк во Бостон и ја израмнија серијата на 1-1. Сиксерси победија со 111:97.

Гледајќи ги статистичките параметри, шутот за три поени го реши победникот. Бостон реализираше 13 од 50 обиди, додека Сиксерси беа на 19/39.

Гостите ги предводеше Ви-Џеј Еџкомб со 30 поени и 10 скока, Тајрис Макси додаде 29 со девет асистенции и четири скока, а Пол Џорџ постигна 19 поени.

Еџкомб стана првиот дебитант со 30-10 натпревар во плејофот од Тим Данкан во 1998 година и најмладиот играч со тие бројки во историјата на плејофот, надминувајќи го Меџик Џонсон.

За Селтикс, Џејлен Браун имаше 36 поени, седум скока и четири асистенции, а единствена светла точка за домашниот тим беше само Џејсон Тејтум со 19 поени, 14 скока и девет асистенции.

Следните два натпревари во Филаделфија се закажани за 25 и 27 април.

Share

The post Лејкерси поведоа со 2-0 против Хјустон, Фила направи брејк во Бостон appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK