април 22, 2026

Најмалку две лица го загубија животот, а повеќе патници се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во југоисточна Бугарија, во близина на граничниот премин Мало Трново.

Според официјалните информации, шест лица со тешки повреди се пренесени во болниците во Бургас, додека уште десет патници добиле медицинска помош во Итната служба во Малко Трново. Сите повредени биле извлечени од автобусот по интервенцијата на спасувачките екипи.

Во автобусот патувале вкупно 39 украински државјани, од кои 37 биле патници, а двајца возачи. Од Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас информираат дека возилото застанало на сред пат откако му снемало гориво.

Според изјавата на градоначалникот на Мало Трново, по запирањето автобусот почнал да се движи наназад, по што изгубил контрола и се превртел, што резултирало со трагичниот исход.
Полицијата и екипите на брзата помош веднаш реагирале на местото на несреќата, а дел од патниците биле привремено згрижени во локален центар за дневна грижа.

Надлежните институции започнаа истрага за целосно расчистување на причините и околностите што довеле до оваа трагедија.

Share

The post Трагедија во Бугарија: Автобус со украински патници се преврте кај Мало Трново – има загинати и повеќе повредени appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK