септември 22, 2024

Младиот Никола Ѓоргиев, кој боледува од рак на коските вчера заедно со тимот на Медикал Караџи Турс Македонија се врати од Турција во Скопје, каде му беа направени потребните испитувања и да се утврди неговото лекување. Вели дека на  24.  април после Велигденските празници ќе замине повторно во Турција каде ќе почне неговото лекување со соодветните хемо терапии.

“Немам зборови со кои би можел да ја искажам мојата благодарност и со кои би можел да ви се заблагодарам на сите вас што ми помогнавте на било каков начин, што дониравте, што се организиравте за мене, што ми дадовте уште повеќе сила.  Ме чека долг пат, многу терапии, испитувања, борба, но не се откажувам и ви ветувам дека сега сум уште посилен, знаејќи и гледајќи колку само луѓе застанавте зад мене, како сите се кренавте на нозе за мене со цел да се соберат потребните парични средства и што побрзо да започнам со лекувањето.

Лекувањето кое се утврди дека за почеток ми е потребно и морам да го започнам чини 110.000 евра и благодарение на сите вас успеавме да собереме 90.000 евра, сума која ми беше недостижна и за која мислев дека ќе треба многу време за да ја соберам. Со ваша помош знам дека ќе го собереме и преостанатиот износ за што ќе ги споделам броевите за донирање и жиро сметката“, вели Никола од Црешево, кој нема родители и живее со неговите баба и дедо.

Броеви за донирање:

143 117 Телеком

143 488 А1

Стопанска банка 200003717578051 –

Девина сметка  MK07200004066300617

Никола Георгиев


The post Никола почнува со хемотерапии: Ме чека долг пат, ветувам дека ќе бидам силен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK