септември 22, 2024

Судот синоќа му одреди осумдневен притвор на анестезиологот кој во живо емитуваше видео на социјалната мрежа ТикТок од пациентките на тетовска Гинекологија, објави ТВ 21.
Телевизијата објави видео од спроведувањето на анестезиологот пред судија на претходна постапка, каде двајца полицајци со лисици на рацете го внесоа во Судот.
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против анестезиологот В.Д. (43) за кривичните дела – Несовесно работење во службата , како и Неовластено снимање.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Тетово синоќа достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити во координаицја со Лекарската комора веднаш побарал да се прекине работниот однос и да се одземе лиценцата на анестезиологот од Тетовската болница кој во живо на Тик Ток снимаше пациентки и вработени во една од салите за гинекологија.

The post Осумдневен притвор за анестезиологот кој снимаше пациентки на тетовска Гинекологија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK