септември 22, 2024

Америка повторно ја тресе нов скандал во училиштата каде професорките ја искористуваат својата позиција и малолетните ученици. За само два дена, шест учителки се уапсени и обвинети за недолично однесување кон учениците, сексуален напад и сексуална експлоатација на малолетни жртви.

Некои спиеле со некои од учениците, а една од нив била снимен и со безбедносна камера како оди со ученик во училница каде на прозорците биле ставени весници за да никој не ги гледа.

Случајот за кој најмногу се зборува е од Пенсилванија, каде 26-годишната професорка по физичко образование Хана Март завела 17-годишен ученик кого го тренирала да фрла копје.

Според обвинителите, Хана била првата која контактирала со него. Му испратила порака среде ноќ. Го поканила кај неа дома каде спиеле заедно. Хана е обвинета за сексуален напад и сексуална експлоатација на малолетник и се соочува со неколкугодишна затворска казна.

Како што стои во обвинението, нивното тајно гледање траело повеќе од година и половина. Ученикот бил дел од атлетскиот тим, а таа му била тренер. Ја искористила положбата, возраста и ранливоста на малолетната жртва, соопштија обвинителите.

„Училиштата мора да бидат безбедно место за учениците и тоа е најважно. Секој што ќе ја искористи својата положба и ќе направи нешто што може да има негативни последици врз децата ќе биде казнет“, рече обвинителот Теренс Хоук.

Од училиштето каде се случил инцидентот велат дека ги известиле родителите. Додадоа дека ќе направат сè за учениците да бидат безбедни.

„Жртвите на сексуално насилство може да имаат траума и училиштето ќе им помогне да се опорават од тоа“, најавија тие.

Хана Март е ослободена со кауција од 75.000 долари.

The post Учителка со месеци сексуално искористувала еден од нејзините ученици appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK