септември 22, 2024

Познатиот кардиолог Сашко Кедев го искачи Анапурна еден од десетте највисоки врвови на Хималаите и светот. Ова место се смета за едно од најтешките за искачување, а Кедев беше во првата експедиција во 2023 година.

„Возбудени сме што можеме да ја споделиме веста дека 5 клиенти и 7 шерпи од Imagine Nepal стигнаа до врвот на планината Анапурна во 11:15 часот на 15 април 2023 година. Ова е првото освојување на врв во сезоната на планината над 8.000 метри. Честитки за тимот и враќање на безбедноста”, рекоа членовите од експедицијата.

Со Кедев беа седум шерпаси и уште 4 алпинисти: Ванг Жонг-Кина, Наоки Ишикава-Јапонија, Марија Александра Данила-Романија и Надја Лиза Косо-Англија.

Анапурна е низа од планински врвови во Непал на венецот Хималаи, од кои највисокиот, Анапурна I, претставува еден од четиринаесетте планински врвови повисоки од 8.000 метри, и со висина од 8091 метар е десеттата највисока планина на светот.

Се наоѓа источно од големиот кањон на реката Кали Гандаки, кој го дели од масивот Даулагири.

За потсетување Кедев претходно се искачи на сите највисоки врвови на сите светски континенти, меѓу кои и највисокиот светски врв, Маунт Еверест, во 2009 година.

The post Сашко Кедев го искачи еден од највисоките врвови во светот, Анапурна на Хималаите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK