септември 22, 2024

За пет дена се собраа потребните средства за купување на протеза за Денис Селко, која чини 12 илјади евра.
По објавувањето на веста од ТВ21, хуманите луѓе без престан му помагаа на Денис кој откако беше прегазен од автомобил останал без едната нога.
Акцијата за собирање на пари ја организираше добротворно здружение од Струга.

ШКЕЛЗЕН АЈРУАЛИ, ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ СТРУГА
„Иако станува збор за голема сума, за вакви случаи како на Денис кој е вреден човек, кој доаѓа од семејство на работници, кој во животот се соочи со многу тешкотии, не беше толку тешко да се соберат потребните пари. Имаме мрежа на донатори кои веруваат многу во нашата работа и секогаш се спремни да им помагаат на тие кои имаат потреба.“, рече Шкелзен Ајруали од Добротворното здружение Струга.

The post Денис доби протеза, собрани 12 илјади евра – хуманите луѓе за 5 дена ги собраа средствата appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK