мај 17, 2026

Во Јапонско Море денеска почна воена вежба за противракетна одбрана на САД, Јужна Кореја и Јапонија.

Во воената вежба ќе учествуваат и три ескадрили миночистачи од три земји.

Воената вежба се одржува со цел да се зголеми координацијата меѓу државите учеснички поради провокативните акции на Северна Кореја, како минатонеделното лансирање сомнителна интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво.

За време на вежбите со помош на компјутерска симулација ќе се разработува процедурата за откривање и следење балистички ракети.

САД, Јужна Кореја и Јапонија во февруари спроведоа заедничка вежба за противракетна одбрана. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK