септември 22, 2024

Гостиварскиот рок-поп бенд „Саундчек“ има нова песна „Доцна е за сè“. Групата се формирала во 2015 година кога оригинално започнала како трио од две акустични гитари и вокал, но подоцна со приклучувањето на уште еден член на ударни инструменти официјално се трансформирале во квартет.

Песната „Доцна е за сè”, гупата неодамна ја промовираа на нивниот јутјуб канал. Песната е авторско дело на бендот „Саундчек“, аранжманот е на гитаристот и музичар Дамир Пух од скопското GreenRoom Sound Studio.

„Спотот исто така го работеа креативни и амбициозни луѓе од Гостивар, Александар Нешкоски, Виган Демири, и Ајдин Ислами, а и главната улога исто така и припадна на Ивана Мерџаноска актерка од театарот „Дунек” во Гостивар, така што можеме да се пофалиме дека ова е 100% гостиварски “производ”. Оливера Атанасоска и Дејан Сидор се екипата која се погрижи за нашиот стајлниг во спотот, и направија приказната одлично да се вклопи во целост“, изјавија „Сауднчек“ за Репортер.

Репортер: Колку вашите сограѓани од групата Ареа ви беа инспирација или поттик да формирате бенд?

Саундчек: Сите од нас израснаа со АРЕА, ги знаеме и како наши сограѓани гостиварци, и по многуте хитови од нивните албуми почнувајќи од нивниот најголем хит „Сите мои слики“, па се натаму. Секако дека помеѓу бендовите од кои црпиме инспирација и мотивација се наоѓа и АРЕА. 

Репортер: Нови сте на македонската музичка сцена. Што мислите дека треба да поседува еден бенд за да и се наметне на публиката?

Саундчек: Пред се оригиналност, идеја, визија, амбиција, и на крајот креативност. Сметаме дека слушателите се оние кои секогаш знаат да препознаат оригиналност во идејата, па потоа следат работи како што се талент, многу работа, посветеност и секако барем некое основно знаење за музиката.

Репортер: Имате ли свирки, каде се настапувате, сте биле ли досега дел од некој поголем музички хепенинг?

Саундчек: Најчесто настапуваме на домашен терен во Гостивар како и во околните градови што ни се најблиску како Тетово и Скопје. Досега не сме биле дел од некој поголем музички хепенинг бидејќи сакаме да одиме чекор по чекор, оставаме работите да се случат сами по себе.

Г.Д

The post (Видео) Бендот „Сауднчек“ промовираа нова песна: Сто отсто е гостиварски производ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK