септември 22, 2024

Средната ќерка на Пере од „Нокаут“, Каја прослави 16. роденден. Покрај Каја, Пере ги има ќерките Миа, најголемата која ја има од првиот брак и Софиа од бракот со сопругата Јована.

Тој објави фотографија со неговата ќерка и напиша: „Има една девојка Каја, која ми го украде срцето и ме вика тато. Да си жива, здрава и среќна. Среќни слатки шеснаесетти“.

Честитка за Каја имаше и од нејзината мајка, новинарката Александра Спировска:„Среќен роденден на мојата мала девојка. Среќен роденден Каја. Израсна во самовила најубава. Секогаш своја, бистра и скромна, мила и нежна со душа планина, со очи ѕвезди. Те сакам до бесконечноста и назад, во добро и зло, во радост и тага, секогаш покрај тебе. Биди своја секој ден, најди радост и убавина во секоја ситница, на лошите луѓе не им замерувај, тоа за нив зборува. Остани со чисто срце ќерче, животот нема реприза“.

The post Средната ќерка на Пере од „Нокаут“ прослави 16. роденден: има една девојка Каја, која ми го украде срцето и ме вика тато appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK