септември 22, 2024

Отворање на 3. 900 работни места и вкупна инвестиција од 205 милиони евра за десет години, предвидува досега најголемиот инвестициски договор што денеска во Тајпеј го потпишаа директорот на Дирекцијата за технилошко – индустиски развојни зони, Јован Деспотовски и првите луѓе на тајванската корпорација “Јагео“, Позитивните искуства од Кемет електроникс, која во 2020 беше купена, а лани и официјално преземена од групацијата Јагео, биле е дна од причините Македонија да биде избрана како инвестициска дестинација меѓу неколку земји во регионот, рече главниот извршен директор на Јагео, Дејвид Ванг.

Направивме многу истражувања, но главната причина за нас да ја донесеме конечната одлукакако групација беше 10 годишното искуство исто така и позитивниот однос и поддршка на Владата. Тоа се двата најважни фактори за нас, стабилноста на државата и квалитетната работна сила „ Два производствени капцитети ќе се градат во Скопје , првиот во јули догодина, а потоа во втора фаза и во Штип, изјави Дејвид Ванг, главен изврешн директор на “Јагео“
„Јагео“ планира производство на резервни делови и компоненти за електрични возила , како и софистицирана опрема за зелени технологии, но и развојни и истражувачки проекти во соработка со македонските универзитети. Или се заедно – според директорот на ТИРЗ – најголема гринфилд инвестиција во технологии на 21 век.

Македонија станува дел од светската мапа. Потпишувањето на договорот во видео обраќањ го поздрави и Со над 40 000 вработени, тајванската корпорација Јагео е еден од нејголемите снабдувачи со делови и електроника за автомобилксата индустрија , електронски компоненти за новите зелени технологии, 5Г телекомуникации, медицината, одбраната. На три континети има 49 производни капцитети и 20 центри за истражување и развој, изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.
Од Тајпеј известува Боби Христов

The post Тајванската корпорација „Јагео“ влегува во Македонија – отворање нови 3.900 работни места appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK