септември 22, 2024

Често се вели дека нема поголема среќа од домот полн со деца, кои носат радост. Меѓутоа, во денешно време сè повеќе се соочуваме со проблемот на стекнување потомство, а кога некој по долга борба ќе успее да ја оствари оваа најубава улога во животот, сите ја пречекуваат со ентузијазам.

Не се ретки случаите по борбата за потомство па често партнерите се одлучуваат да имаат по две или три деца, а понекогаш семејството толку се шири што има десет члена. Така е и случајот со оваа жена, која мислела дека нема да може да се исполни како мајка никогаш.

По бројните разочарувања за Сату Нордлинг Гонзалес, таа одлучи дека сепак сака да основа големо семејство и дека нема да се откаже од оваа, за неа, најважна борба.

Кога имала 21 година останала бремена, но набрзо доживеала спонтан абортус. Сепак, после тоа работите не можеле да се одвиваат нормално. Спонтаниот абортус остави лузна на нејзината матка која создала голем проблем за неа.

Набргу по спонтаниот абортус, Сату повторно забременила, но овој пат повторно не завршила добро. Разочарана мислела дека никогаш нема да ја исполни својата улога на мајка.

Но, таа не се откажала. Па така во 2009 година го родила своето прво дете, девојчето по име Никол, а до денес родила вкупно шест девојчиња и четири момчиња, што предизвикува воодушевување кај луѓето околу неа. Сепак, не е лесна работа да се биде мајка на 11 деца.

Сепак, големото семејство носи и многу обврски, а таа решила со следбениците на социјалните мрежи да сподели како изгледа денот на една мајка на 11 деца. Нејзиното утро започнува во шест часот наутро со менување пелени и подготвување појадок и подготвување на постарите деца за училиште.

Утрото за мене започнува пред зори, кога ќе ја завршам целата работа со децата, почнувам да ја чистам куќата. Бришење, чистење со правосмукалка и средување на се, бидејќи секој момент додека децата не се таму го зграпчувам за да го искористам за мене“, кажала оваа мајка во објави на социјалните мрежи.

Во попладневните часови, кога децата се враќаат од училиште, таа им го подготвува ручекот и им помага со домашните задачи, но истовремено подготвува и вечера. Децата на крајот легнуваат околу осум часот навечер, а таа легнува секогаш после полноќ.

Сату сега живее во семејство од 13 членови. Таа изјавила дека ова во никој случај не е лесна задача и работа, туку дека ужива во секој ден и дека токму тоа го сакала за себе и своето семејство.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK