септември 22, 2024

Пејачката Тамара Тодевска изминатиот викенд беше во посета на Лондон. Таа во просторот за настани во живо, „Here at Outernet“ имаше настап со евровизиската „Proud“ на евровизиска журка.

Присутната публика заедно со Тамара ја пееле евровизиската песна со која Македонија имаше и најдобар пласман на Евросонг.

Тамара за настапот беше облечена во црвен долг светкав фустан. Taa од Македонија замина сама, но таму беше пречекана и во друштво на Бојан и Марија од дуото „Ај Кју“ кои веќе неколку години живеат и работат во Лондон.

Покрај настапот пејачката го искористила патувањето да посети некои знаменитости во Лондон, како и прошетка низ „Хајд Парк“ еден од осумте лондонски кралски паркови.


The post Тамара пееше во клуб во Лондон, и се дружеше со Марија и Бојан од „Ај кју“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK