септември 21, 2024

Владата на новоизбраниот претседател на Бразил Луис Инасио Лула да Силва ќе има 37 министри, односно многу повеќе од владата на Жаир Болсонаро, која имаше 23 министри, соопшти синоќа идниот кабинет на претседателот.

Иако бројот на сектори се зголеми за 60 отсто за време на третиот мандат на Лула да Силва, кој започнува на 1 јануари, неговиот кабинет вели дека бројот на државни службеници кои работат во министерствата ќе остане практично непроменет.

„Претседателот (Лула) побара од нас да ги распарчиме министерствата, но без да отвориме нови работни места. Трошоците и обемот на расходите ќе бидат исти, без разлика на бројот на министерствата. Одлучивме владата да има 37 министерства, рече министерот за социјални работи Руи Коста.

Според неговите зборови, ќе се формира Министерство за автохтони народи, кое ќе го води претставник на тие народи.

Лула да Силва (77) по трет пат ќе биде претседател на Бразил, по два мандати од 2003 до 2010 година. Во вториот мандат во владата имаше 37 министри

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK