септември 22, 2024

Мистаериозна светлина на небото над Аљаска ги исплаши луѓето кои живеат таму. Како што јавува „Би-Би-Си“, тие забелеажале спирала слична на спирална галаксија која можела да се види на небото само неколку минути среде зелената поларна светлина.

Ловците на поларна светлина велат дека се изненадиле кога ја забележале на небото рано утрото во саботата. Астрофизчарот Дон Хемптон од Геофизичкиот институт Фербанкс во Алјаска објасни дека причината била испуштеното гориво од ракетата SpaceX на Илон Маск.

Ракетата била лансирана од Калифорнија три часа претходно.

„Понекогаш ракетите имаат дополнително гориво кое не мора да го испуштат. Кога ќе биде доволно високо во атмосферата, се претвора во лед. А ако местото каде горивото се испушта е осветлено од сонцето, додека го гледате во ноќта, изгледа како голем облак во форма на спирала“, рече астрофизичарот Хемптон.

Odd spiral appears amid northern lights in Alaska night sky (“excess fuel that had been released from a SpaceX rocket” is a ridiculous explanation)…HAARP? Alien Craft? Time Portal?#HAARP #Alaska #Spiral #AuroraBorealis #NorthernLights #NorthPole #Arctic #BlueSpiral #Aurora pic.twitter.com/RjfsNG9xVt

— Christian Rosenkreutz (@fratercrc) April 18, 2023

Иако не станува збор за вообичаена глетка, Хемптон рече дека нешто слично видел веќе три пати. Појавата на спирален облак го забележала и камерата од Геофизичкиот институт, а снимката брзо потоа станала вирална.

„Кога го објавивме видеото, на интернет настана хаос“, рече Хамптон.

И фотографите кои ја ловат поларната светлина објавија снимки од необичната спирала.

За потсетување SpaceX ракетата е лансирана од вселенската база Ванденберг во Калифорнија во петокот, а носела 25 сателити. Во јавнуари можеше да се види слична спирала над Хаваите. Камерата сместена на врвот на вулканот Мауна Кеја, ја сними спиралата која се појавила на ноќното небо.

Дополнително е објавено дека се работи за лансирање на воен џи-пи-ес сателит, кој полетал со ракетата на „Спејс икс“ од Флорида.

The post (Видео) Мистериозна светлина ги исплаши жителите во Аљаска appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK