септември 22, 2024

Царинската управа соопшти дека нејзини мобилни тимови спречиле нелегален влез на пет мигранти од Конго и Авганистан во државава. Тие биле откриени во камион со српски регистарски таблички на граничниот премин „Богородица“. 

 -На 14 април 2023 година, на граничната царинска испостава „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски таблички пријавено за транзит, биле пронајдени пет мигранти без документи за идентификација. При детална контрола на возилото извршена со мобилен скенер, во делот од приколката наменет за резервни делови биле пронајдени петте лица со потекло од Конго и Авганистан, информира Управата. 

 Лицата биле предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за нивна понатамошна постапка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK