септември 22, 2024

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо, западна во мини-криза во Саудиска Арабија и се чини дека по малку е фрустриран, па почна и да ги дави фудбалерите за време на натпреварите, пишуваат тамошните медиуми. Португалецот направи несвојствен потег за него во Саудиска Арабија.

Скокна на грбот на еден од фудбалерите на Ал Хилал и го фати за крагната. Противникот речиси остана бе воздух од потегот на Роналдо, кој досега го немаше направено во кариерата. Се чини дека причината е фрустрацијата од што неговиот тим Ал Наср игра многу слабо, по смената на тренерот Руди Гарсија.

Ronaldo with the Bulldog Chokepic.twitter.com/AbRRPKQi9B

— Troll Football (@TrollFootball) April 18, 2023

Ал Наср изгуби на гостувањето во дербито против Ал Хилал со 2:0, а Роналдо имаше среќа што англискиот судија, Мајкл Оливер, кого добро го познава од Премиер лигата, не го исклучи за остриот старт, туку само му покажа жолт картон.

Роналдо на овој натпревар му беше поништен гол поради офсајт, кој за многумина беше дискутабилен. Неговиот тим Ал Наср не можеше да му парира на Ал Хилал. За домаќинот погоди Одион Игало, уште еден поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, кој постигна два гола од пенал.

Прво во 42 минута, а потоа во 62. Ова е втор пораз на Ал Насра во последните пет кога и се чини дека полека се откажуваат од титулата. И покрај тоа што го има Роналдо, противникот играше подобар фудбал и моментално има три бода предност пред својот ривал, а имаат и натпревар помалку.

The post (Видео) Кристијано Роналдо давеше фудбалер на фудбалски натпревар appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK