септември 22, 2024

Приказната зошто принцот Хари решил да го напушти британското кралско семејство ја раскажа самиот принц во својот документарец за Netflix, но сега, извор, кој бил многу близок со покојната принцеза Дијана, ја открива можната причина поради која тој решил да замине од Бакингемската палата заедно со сопругата Меган и синот Арчи.

Во документарецот Хари кажува дека претрпел малтретирање од својот брат и од снаата, што го убедило да размисли да се исели од Бакингемската палата. Сепак, она што навистина го инспирирало да донесе таква одлука е неговата покојна мајка, која неколкупати му ги открила своите планови да го напушти Обединетото Кралство и да замине во САД кога Хари бил дете.
Поранешниот телохранител на принцезата Дијана во својата нова книга открива дека Хари и Меган размислувале да се преселат во САД главно поради малтретирањето и незаинтересираноста што ја трпеле од членовите на кралското семејство. Но, она што довело до конечната одлука да го напуштат Обединетото Кралство била сличната таква желба и на покојната Леди Ди, која решила да замине во некоја американска земја неколку дена пред нејзината смрт во трагичната несреќа.

Во својата книга со наслов „Штитејќи ја Дијана: Приказна на телохранителот“ (Protecting Diana: A Bodyguard’s Story), Ли Сенсам, телохранител на покојната принцеза, открива дека принцот Хари, всушност, ја повторил одлуката што принцезата Дијана била на работ да ја донесе пред да ѝ се случи несреќата.
Ли Сенсам ја чуваше Дијана на еден од нејзините последни одмори на југот во Франција со нејзиниот партнер Доди Фаед бидејќи беше ангажиран од таткото на филмскиот продуцент, египетскиот милијардер Мохамед ал-Фаед.
За да ја одбележи 25-годишнината од смртта на Дијана и Доди во сообраќајна несреќа во Париз, само еден месец откако ја заштити двојката во Сен Тропе, Сенсам се отвори за своите искуства со кралското семејство во новата книга.

Во книгата Сенсам раскажува за разговор што го имал со Дијана, во кој тој тврди дека таа изразила желба да се пресели во САД.
Времето на нејзиниот одмор во јули 1997 година во Сен Тропе беше период на промени за кралското семејство откако официјално се разведе од принцот Чарлс претходната година и почна нова фаза од својата хуманитарна работа на чело на кампањата за забрана на употребата на нагазни мини.
Во овој период упадот на печатените медиуми во нејзината приватност видно се зголеми бидејќи таблоидите бараа фотографии од неа и нејзиното ново момче заедно.

Сенсам пишува дека за време на возење со чамец од јахтата во сопственост на Ал-Фаед до нивната вила, Дијана му рекла: „Не можам ништо да направам во Обединетото Кралство. Тамошните весници ме напаѓаат што и да правам“.
„Сакам да одам во САД и да живеам таму за да можам да побегнам од сето тоа. Барем во Америка им се допаѓам и ќе ме остават на мир“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK