септември 22, 2024

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во затворот „Идризово“ работи како библиотекарка.
Како што пишува „Макфакс“, таа и оваа година користела продолжен празничен викенд. Директорот на затворот, Зоран Јовановски, информираше дека уредно се вратила во затворот и ги извршува редовните затворски обврски.

Не знам точно кога излезе, но постапи според она што ѝ беше дозволено и се врати во затворот. Од утрово веќе ги извршува тековните затворски обврски. Работи во библиотеката, библиотекарка е. Користи викенди и излези секогаш кога тоа го дозволува правилникот, работиме строго по него. Го добива она што ѝ следува во согласност со издржаниот дел од казната, изјави Јовановски.

Јанева е осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување. Таа беше уапсена на 21 август 2019 година. Јовановски вели дека казната ѝ истекува на 21 август 2026 година, но не е исклучена можноста да биде помилувана порано.

The post Катица Јанева во Идризово работи како библиотекарка appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK