септември 22, 2024

Македонската традиционална таеквондо федерација деновиве учествува на Европското таеквондо ИТФ првенство во Језоло, Италија.

Боите на нашата држава под водство на претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски ќе ги бранат седум искусни натпреварувачи:

Софија Колушоска, црвен појас, ќе се натпревараува во девојчиња 11-14 години во две дисциплини,форми за црвен појас, борби – 50 кг. (државен првак )
Хриситјана Парулеска, црн појас I дан, во девојчиња 11-14 години во две дисциплини, форми црн појас I дан, борби – 50 кг. (државен првак и актуелна вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022год.)
Давид Крстески, црн појас I дан, ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 55 кг. (државен првак и актуелен вицешампион од Пореч –Хрватска 2022год.)
Владимир Димитриевиќ, црн појас I дан, ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во спаринг борби – 60 кг.(државен првак )

Елена Јанеска, црн појас I дан, во јуниорки 16 -17 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 70 кг. (државен првак и актуелна вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022год.)
Давид Велковски, црн појас I дан, во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 71 кг.(државен првак)
Божидар Димитриевиќ, црн појас I дан, ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 85 кг. (државен првак ).

– При подготовките го дадовме нашиот максимум и се надеваме на солидни резултати. Тројца од нашата екипа се во одбрана на минатогодишниот успех од Европското првенство во Европа, каде станаа Европски вицешампиони. Се надеваме дека сите ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман. Голема благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал”, како и до Општина Охрид, Лазаревски.

Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања.

The post Македонската традиционална таеквондо федерација дел од Европската елита во Језоло, Италија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK