септември 22, 2024

Слатко задоволство кое децата ќе го обожуваат…

Состојки:

чоколадо;овошје или дури и предмет во форма на јајце;150 гр. крем сирење;1 лажичка екстракт од ванила;50 гр. шеќер во прав;2 супени лажици сок од лимон;1 лажица желатин;50 мл. вода;150 мл. слатка павлака;2 лажици џем по желба;овошје за декорација.

Подготовка:
Растопете го чоколадото, а овошјето или предметот завиткајте го во проѕирна фолија и потопете го до половина во растопеното чоколадо. Оставете го чоколадото да се стврдне.
Кога чоколадото ќе се стврдне, исечете ја фолијата и извадете го овошјето или предметот од чоколадната основа.

Децата го обожуваат: Полнето чоколадно јајце

Желатинот измешајте го со вода и оставете го да набабри. Во сад измешајте крем сирење, ванила, шеќер во прав и сок од лимон. Сè соединете со миксер, па додајте желатин и слатката павлака.
Изматете и истурете во чоколадното јајце. Смесата израмнете ја и ставете ја во фрижидер да се стегне, па со лажица направете мала дупка на средината од филот, прелијте со џем и украсете со овошје.

Уживајте!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK