Катар уште еднаш негираше каква било вмешаност во корупциски скандал кој го истражуваат белгиските власти, а во кој се вмешани членови на Европскиот Парламент, јави Гласот на Америка.
Четири лица поврзани со ЕП се обвинети во Белгија поради наводи дека земјата домаќин на Светското првенство им дала пари и подароци во замена за влијание врз носењето одлуки.
Катар и претходно негираше дека сторил нешто нечесно.
Дипломат од мисијата на Катар во Европската Унија денеска рече дека неговата земја била под „силна критика и напад“ за време на истрагата и дека е длабоко разочаран што белгиските власти „не се потрудиле да стапат во контакт со нашата влада за да ги утврдат фактите. “. „Ограничувањето на дијалогот и соработката“ за ова прашање пред да заврши судската постапка ќе има негативно влијание врз безбедносната соработка и дискусиите за глобалната енергетска безбедност“, предупреди тој.
Следете не, не има насекаде