ноември 21, 2024

Сезона е на настинки и грип, но микробите се присутни во текот на целата година, вклучително и летото, па често се прашуваме зошто почесто се разболуваме од настинки, грип и во последните неколку години од Ковид кога надвор е постудено.

Научниците од Универзитетот во Масачусетс пронајдоа биолошка причина зошто почесто добиваме респираторни заболувања во зима. Резултатите од новото американско истражување укажуваат на физичка поврзаност помеѓу студеното време и сериозноста на настинките, а сето тоа се одвива во нашите ноздри.

Во нашите ноздри има силна имунолошка реакција која се бори против инфекции – кога е топло, но познато е дека ладниот воздух негативно влијае на оваа имунолошка реакција. Носот како „бранител“

Носот како орган е силен „бранител“ од обичната настинка и низа други патогени на топло време, но кога надвор е ладно, ситуацијата се менува, покажуваат резултатите од студијата објавена во списанието „Journal of Allergy and Clinical Immunology“.

Се сметаше дека сезоната на настинки и грип настапува во ладните месеци бидејќи луѓето повеќе престојуваат во затворени простори во кои вирусите, кои се пренесуваат преку воздух полесно се шират, рече др. Бенџамин Блаер, директор на оделот за оториноларингологија во Нортистерн и еден од авторите на студијата.

„Но нашата студија укажува на тоа дека темелниот примерок на сезонските варијации на вирусните инфекции на горните дишни патишта, кои се случуваат секоја година, се всушност биолошки, што неодамна се покажа за време на пандемијата од Ковид“, додаде тој.

„За прв пат, имаме биолошко, молекуларно објаснување за фактор во нашиот вроден имунолошки одговор кој се чини дека е условен од пониски температури“, рече ринологот д-р Зара Пател, професор по оториноларингологија и хирургија на Стенфорд, кој не бил вклучен во новата студија.

„Вдишуваме патогени преку носот или го триеме, а со тоа ги пренесуваме бактериите од рацете во нашите ноздри. Тие потоа се пробиваат подлабоко во телото. Истражувачите ги градат своите наоди врз наодите од претходното истражување спроведено во 2018 година, кое покажа дека клетките што ја обложуваат предната страна на ноздрите ослободуваат милијарди таканаречени екстрацелуларни везикули (EVs), ситни кеси исполнети со течност кои се преполни со „напаѓачи“. Слично е како кога ќе го шутнете гнездото на стршлен, а сите одеднаш ќе излезат и ќе напаѓаат“, сликовито појасни Блаер.

Студијата покажа дека намалувањето на температурата во носот за само 5 степени Целзиусови убива речиси 50 отсто од клетките во ноздрите кои се борат против вирусите и бактериите.

„Ладниот воздух поврзан е со зголемена вирусна инфекција бидејќи човекот губи половина имунитет само поради тоа“, рече Блаер.

Експериментот од 2018 година научниците го спроведоа на бактерии.

За потребите на тековната студија, Мансур Амиџи, професор по фармацевтски науки и хемиско инженерство на Универзитетот Североистерн, одлучи да го испроба експериментот на вируси, а потоа отиде чекор понатаму, проучувајќи го ефектот на температурата врз овој имунолошки одговор.

Користејќи култивирани клетки од волонтери, неговиот тим открил дека бројот на екстрацелуларните везикули опаѓа кога температурата во носот се намалила за пет степени.

Со помалку екстрацелуларни везикули, кои би се врзале за честичките на вирусот и би ги спречиле да влезат во телото, инфекцијата се развила полесно.

Истражувачите се надеваат дека ќе ги искористат новите информации за нови сознанија за зајакнување на имунитетот и за подобрувања во третманот на инфекции на горниот респираторен тракт.

Во исто време, тие забележале дека заштитните маски можат да помогнат да се загрее внатрешноста на ноздрите.

TRT Balkan / агенции

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK