Синдикатите во Франција најавија нови штрајкови за Божик и Нова година, а француската јавност се подготвува за големи нарушувања во текот на зимските празници
Штрајкот на вработените во Француската национална железничка компанија (SNCF), што започна во четвртокот, ќе продолжи и во текот на празниците, објавија вчера четири секторски синдикати.
Операторите на свртници од Француската национална железничка компанија (SNCF) ја опслужуваат целата француска железничка мрежа. Без нив ниту еден воз не може да вози. Синдикатите бараат подобра препознатливост на својата професија и подобрување на условите за работа.
Синдикатите, меѓу останатото, го осудија недостатокот на персонал, што ги влошува условите за работа на возачкиот персонал, и ја критикуваа одлуката на управата за намалување на бројот на обуки.
Досега околу 20 француски ТГВ-возови (возови со голема брзина) се откажани поради штрајковите. Синдикатите најавија нови штрајкови за Божик и Нова година, а француската јавност се подготвува за големи нарушувања во текот на зимските празници.
Според Француската национална железничка компанија, најмногу ќе бидат погодени железничките линии што сообраќаат кон брегот на Атлантикот.
Следете не, не има насекаде