септември 21, 2024

Холивудската актерка Хилари Свонк, која неодамна роди близнаци, на својот инстаграм-профил објави фотографија од нејзината бременост на која позира без облека гушкајќи си го трудничкиот стомак.

„Благодарам Брајан Боуен Смит што фати еден од моите омилени моменти во животот, бременоста. Тука бев бремена 27 и пол недели“, напиша Свонк.

Сликата за еден ден собра повеќе од 110.000 лајкови, а коментираа многу нејзини пријатели и фанови.

„Каков прекрасен момент. Ми беше чест да те фотографирам. Те сакам“, напишал Смит.

Свонк на 9 април ги роди близнаците. Таа сеуште не ги има откриено имињата на нејзините деца.

The post Фотографијата на која Хилари Свонк бремена и гола позира, собра 110.000 лајкови appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK