ноември 22, 2024

Општина Брвеница денеска по повод 26 – годишнината од основањето прв пат одржа манифестација на која беше прогласен почесен граѓанин и доделени беа признанија на граѓани за нивната работа. Дел од манифестацијата беше презентација на сработеното во текот на оваа година на локалната самоуправа преку видео отчет.

-За почесен граѓанин постхумно одлучивме да го прогласиме првиот градоначалник на Општина Брвеница Станоја Глишиќ. Тој беше основоположник на Општината. По прв пат се одлучивме да дадеме признанија и награда на 17 поединци граѓани на Општина Брвеница за нивниот придонес во развој и унапредување на општината. Се надевам дека оваа пракса ќе продолжи во иднина, изјави градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски.

Меѓу наградените граѓани беа наставници, спортисти, вработени во општината, земјоделци и други. Првиот градоначалник на Брвеница Станоја Глишиќ почина во мај годинава на 75 годишна возраст. Тој ја раководеше општината по формирањето во периодот од 1996 до 2000 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK