септември 21, 2024

Претреси од специјалната едница на МВР, одново се прават во затворот „Идризово“, додека внатре трае негодување од страна на затворениците, пишува „Макфакс“. Според информации од порталот блокирани се сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот, од страна на специјалците.

Според неофицијални информации, таму се сместени осуденици кои биле дел од нарко група, која е проблематична за управата. Тие се таму префрлени пред краток период.

Акцијата е во координација со Управата на затворот. Неофицијално, повторно се бараат недозволени предмети како дрога, телефони, пари.

Ваквата акција доаѓа откако беа запалени четири автомобили на автомобили, во рок од шест месеци. Меѓу последните случаи, беше и запалениот автомобил на заменик-директорот на „Идризово“.

The post Специјалци влегоа во „Идризово“: Блокирани влезовите и излезите од две одделенија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK