септември 21, 2024

Последни учесници во полуфиналето на Конференциската лига се фудбалерите на Базел, кои по продолженија успеаја да ја елиминираат Ница на гостински терен.

Пред седум дена во Швајцарија беше 2:2, вечерва по 90 минути беше 1:1, а Базел преку дополнителни 30 минути успеа да победи со 2:1.



Ница поведе со голот на Лаборд во деветтата минута, а тој резултат важеше до 86. минута. Тогаш Агустин израмни на 1:1 и го одведе овој дуел во продолженија.

Таму подобро се снајде тимот од Швајцарија, а Адамс во 98. минута погоди за 1:2.

Базел во полуфиналето ќе игра против Фиорентина. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Вест Хем и АЗ Алкмар.

The post Базел последен полуфиналист во Конференциската лига на УЕФА appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK