септември 21, 2024

Неколку светски ѕвезди од синоќа остана без стариот син знак на „Твитер“. Маск им ги тргна на Папата, Бојонсе, Доналд Трамп, Бил Гејтс, Ким Кардашијан, затоа што не му платиле. Социјалната мрежа од неодамна почна да ја наплаќа оваа опција во рамките на системот „Твитер Блу“.

Откако Илон Маск ја презеде сопственоста на компанијата, „Твитер“ го смени начинот на кој ги дистрибуира сините значки што претходно им беа дадени на познати личности, новинари, политичари и институции по проверка на нивниот идентитет.

Значката служеше како знак дека профилот е автентичен, но Маск минатиот ноември објави дека „Твитер“ ќе почне да наплаќа по 8 долари месечно за него, за да може да генерира нов приход.

Покрај сината ознака, социјалната мрежа сега нуди и златен знак за бизнисите и знак во сива боја за сметките на владите, државните службеници и меѓународните организации.

Синиот знак, како што е објаснија од „Твитер“ е со различна цена во однос на платформата на која е прикажан. Почетната цена е осум долари месечно или 84 долари годишно, а на апликацијата iOS чини 11 долари месечно или 114,99 долари годишно. Цените се исти и за апликацијата Андроид.

Илон Маск откри дека ќе им ги плати сините знаци некои од познатите личности како што се кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс и писателот Стивен Кинг.

The post Илон Маск ги казни Папата, Бијонсе, Трамп, Бил Гејтс и Кардашијан затоа што не му платиле за Твитерот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK